На еден вработен, четворица добиле отказ

47

Во Хрватска, секој вработен во реалниот сектор на својот грб носи 1,8 пензионери, службеници и невработени. Во реалниот сектор и јавните установи моментно работат еден милион луѓе. Од друга страна има 1,2 милиони пензионери, 300.000 државни и јавни службеници и уште 300.000 невработени.

Невработеноста во Хрватска се зголемува од 2008 година наваму. Од 2008 се затворени 200.000 работни места. Само во градежништвото бројот на вработени е намален за 30.000. Ако се продолжи вака, експертите сметаат дека бројот на невработени ќе се искачи на 400.000.