На електричен автобус му се потребни само 10 секунди за да се наполни

49

elektricen avtobus

Во крајбрежниот кинески град Нингбо од неодамна сообраќа електричен автобус, на којшто му се потребни само 10 секунди да се наполни, пишува Inhabitat.

Автобусот е во производство на кинеската компанија China South Locomotive & Rolling Stock Corporation, а во овој момент сообраќа на 12 километарска рута низ градот. Иако секое полнење овозможува возење од само пет километри, поради брзината на полнењето автобусот може да се наполни на станиците додека патниците се симнуваат или качуваат.

За да може да се наполни, автобусот преку покривната конструкција се поврзува со полначот на автобуската станица. Освен брзината на полнење, автобусот дополнително заштедува од 30% до 50% од енергијата преку сопирање или возење по удолнина.