На Фејсбук има 76 милиони лажни профили

22

fbФејсбук призна дека минатата година на овој сервис од преку една милијарда корисници, лажни профили отвориле 76 милиони. Во оваа бројка се вклучени двојни профили, погрешно класифицирани и несакани профили, како и оние каде што корисниците намерно се идентификуваат под туѓо име. Според тврдењата на сервисот, само 7% од корисниците има такви профили.

Спамерите, пак, според статистиките на Фејсбук, имаат само 9,5 милиони акаунти, односно помалку од 1% од сите профили на сервисот.

Користењето на лажни имиња и податоци е спротивно на политиката на компанијата и затоа Фејсбук ги поттикнува своите корисници да ги пријават оние за кои се сомневаат дека го прават тоа.