На фризер во Австрија само со негативен тест на коронавурис

57

Фризерските салони во Австрија се отворени од почетокот на оваа недела откако владата ги ублажи рестриктивните мерки, но предуслов за нова фризура е негативен тест на коронавирусот.

“Од една страна ми е полесно што можам повторно да работа, но во исто време пречка се задолжителните тестови, што некои клиенти не ги прифаќаат“, вели Сузан Шребер, фризерка од Виена.

По месец и половина отворени се продавниците, музеите и училиштата. Учениците мора да се тестираат двапати неделно доколку сакаат да посетуваат настава во училиште.

Зголемената побарувачка за тестирање била видлива на повеќе пунктови во Виена. Дури и неодамна отворениот центар за тестирање во познатиот замок Шенбрун воведе нови боксови за тестирање.

Фото: Freepik