На Германија и треба поголема имиграција за да се избегне недостаток на работна сила

79

На Германија ќе и треба зголемена имиграција за да се спречи сериозниот недостиг на работна сила што ќе ја поткопа продуктивноста и ќе ја загрози успешната енергетска транзиција, изјави денеска Роберт Хабек, министер за економија на најголемата европска економија.

„Имаме 300.000 слободни работни места. Очекувајте тоа да се зголеми на милион или повеќе“, рече  Хабек.

Ако не ја пополниме таа дупка, ќе имаме реални проблеми со продуктивноста, додаде тој.

„Се разбира, тоа значи повеќе квалификувани работни места, обука и подобри можности за вработување и подобри можности за семејствата, но во Германија тоа секако значи зајакнување на имиграцијата во сите области – за инженери, занаетчии, негувателки. Сè уште тоа треба да го организираме“, рече Хабек.

Германскиот економски институт проценува дека бројот на работници годинава ќе се намали за повеќе од 300.000 поради пензионирање.

Се очекува во 2029 година бројот на работници да се намали за повеќе од 650.000, така што на пазарот на трудот во 2030 година ќе има недостиг од приближно пет милиони работници.

И покрај пандемијата со Ковид-19 бројот на вработени Германци во 2021 година се зголеми до речиси 45 милиони.

По една деценија ниска стапка на наталитет, недостигот на работна сила е демографска темпирана бомба за германскиот пензиски систем што ќе треба да се финансира од сè помалку работници, додека бројот на пензионери кои живеат подолго се зголемува.