На Германија ѝ се заканува раст на невработеноста, а ова се најзагрозени сектори

88

Германија доживува “невиден“ пад на нивото на вработеност, како резултат на пандемијата и нејзините економски последици. Водечките економски институти посочуваат дека, во исто време, повеќе барометри што ја покажуваат состојбата на економијата ќе паднат во април на историски најниските вредности, пренесува В92.

Така, барометарот за вработување на Институтот Ifo падна од 93,4 во март на 86,3 поени. Ова покажува дека невработеноста во Германија ќе се зголеми, велат експертите.

Причината за песимистичките предвидувања се плановите на фирмите кои отпуштаат работници заради кризата. Ifo анкетирал околу 9.000 компании за нивните планови за следните три месеци, а посебно е погоден услужниот сектор. И во трговијата, со исклучок на супермаркетите ќе има намалување на вработените. Исто така и досега растечкиот градежен сектор може да биде погоден со отпуштања.

Фото: Pixabay