На граничниот премин Богородица се чека и до 30 минути

20

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Богородица за излез од државата возилата чекаат до 30 минути. На останатите гранични премини и покрај зголемената фреквенција на возила, задржувањата се до 15 минути. Напомена дека оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Сообраќајот на сите останати државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по наместа влажни коловози. 

АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, како што се патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони. 

АМСМ ги предупреди возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.