На инаугурацијата на Бајден ќе се служи хрватско вино

109

Во Вашингтон на церемонијата на инаугурација на новиот претседател на САД, Џо Бајден, ќе се точи вино произведено во Далмација.

Ако сè оди според планот, новиот американски претседател Бајден и потпретседателката Камала Харис ќе положат заклетва на 20 јануари пред зградата на американскиот Конгрес. Заради пандемијата на коронавирусот, церемонијата годинава ќе биде многу поскромна и помала од вообичаеното, но сепак планираат да ја прослават.

Како што пренесуваат хрватските медиуми, гостите на инаугурацијата ќе пијат вино од Пељешац каде се произведуват некои од најценетите хрватски црни вина.

Ова е одлична можност за промовирање на  земјата и нејзините квалитети.

“Првото вино е Zinfandel Benmosche, а второто e Dingač Benmosche. Двете вина се автохтони хрватски сорти и се зрели, потешки, побогати вина. Јас би рекол дека Дингач е всушност лек и воопшто не сум изненаден од изборот на експертите кои очигледно работат со новиот претседател и новата канцеларија, за да се определат за едно вакво вино“, објасни сомелиерот, Синиша Ласан.

Тоа е одлична можност за промовирање на земјата. Особено кога знаеме, истакнува професорот Божо Скоко, дека Американците многу се грижат за симболиката.

“Научно е докажано дека најпознатата американска сорта на вино Zinfandel првично потекнувала од Далмација и со себе ја донеле хрватски емигранти. Ова има силна симболика што Американците ја користат и сакаат да се претстават како значајна имигрантска земја“, тврди Скоко.

На инаугурацијата ќе се точи вино од лозјето на Роберт Х. Бенмоше, поранешен претседател на oсигурителната компанија AIG и советник на поранешниот американски претседател, Барак Обама.

Фото: Facebook