На интернет продаваат неотпакувани божикни подароци што не ги сакаат

36

Само неколку часа после Божик на eBay се најдоа неколку предмети на продажба и тоа спакувани божикни подароци.

Иако не знаат што има внатре, сопствениците сакаат да се ослободат од овие подароци и затоа ги нудат на продажба.

“Ова е долга приказна, но подарокот е од личност која повеќе не ја сакам во животот. Сега веќе зборуваме, но подарокот го добив пред расправијата. Се надевам дека на некого добро ќе му дојде бидејќи јас не го сакам“, напишал еден од “продавачите“, пренесува Ladbible.

Иако не се знае што има внатре, многумина наддавале за подарокот, па цената му надминува 70 евра. Уште еден подарок, чија цена е околу 20 евра, се продава неотпакуван бидејќи е добиен од поранешното момче со кое не сака никаков контакт.

Ова може да биде или добра зделка или залудно потрошени пари.

Фото: Freepik