На Јапонија и снемува броеви за кредитни картички

47

На Јапонија и снема броеви за кредитни картички со 16 цифри, среде настојувањата на владата да ги зајакне електронските плаќања и зголемување на интернет купувањето за време на пандемијата Ковид-19.

Јапонија имаше околу 283 милиони кредитни картички во март 2019 година, но тој број се зголемува откако владата воведе систем на поени за безготовински трансакции минатиот октомври. Во меѓувреме, плаќањата со картички станаа попопуларни за време на затворањето поради пандемијата.

Првите шест броеви на бројот на картичката се однесуваат на земјата, брендот и други информации, а за последните 10 одлучува издавачот. Според магазинот Mainichi Shimbun, издавачите се загрижени дека наскоро би можело да има недостаток на комбинации на броеви од седмата цифра натаму. Проблемот може да се реши со додавање на бројка, но ќе чини десетици милијарди јени.

“Иако сакаме да избегнеме да го зголемиме бројот на цифри што е можно повеќе, мислам дека наш единствен избор е сами да го носиме товарот на трошоците“, велат од една компанија за картички.

Фото: Freepik