На колку години ја заработија првата милијарда? Четворица биле помлади од 35 години

55

До минатата деценија, Бил Гејтс ја имаше титулата најмлада личност што ги заработи првите милијарди, а таа титула ја презеде Марк Цукерберг кога имаше само 23 години. Додека, од една страна, компаниите ширум светот делеа милиони откази, намалуваа плати и многумина ставија клуч на врата за време на пандемијата од корона вирусот, некои од најбогатите луѓе во светот го зголемија своето богатство за милијарди, или десетици милијарди долари.

Вредноста на Џеф Безос се приближува до неверојатни 200 милијарди долари, додека Марк Цукерберг на 36 години “тежи само“100 милијарди долари.

Business Insider испитуваше колку години имаа некои од денешните најбогати луѓе на светот кога ја срушија границата од милијардата долари, а првиот на тој список е основачот на  Facebook. Ова е листа од десет милијардери од списокот на Business Insider, во кој доминираат основачите и раководителите на технолошките компании:

10. Опра Винфри – познатата американска презентерка денес тежи 2,5 милијарди долари, а таа ја сруши бариерата од една милијарда во 2003 година, кога имаше 49 години.

9. Мег Витман – се приклучи на клубот на милијардери малку порано од Опра, во 1998 година кога имаше 42 години, додека сега нејзината вредност е 5,1 милијарди долари. Витман беше извршен директор на e-Bay и Hewlet-Packard, а во моментов е шеф на услугата за стриминг сервисот Quibi.

8. Ричард Бренсон – ако го прашате Бренсон каде бил во 1991 година, тој ќе ви каже – тогаш ја заработив мојата прва милијарда. Тогаш имал 41 година, а во текот на следните 19 години неговото богатство се искачи на 4,6 милијарди

7. Илон Маск – Денес, богатството на ексцентричниот основач на Tesla и SpaceX и еден од основачите на PayPal се приближува до бројката од 70 милијарди долари, а тој ја направи својата прва милијарда  во 2012 година, кога имаше 41 година.

6. Марк Кубан – познат инвеститор кој им е познат на фановите на НБА како сопственик на Далас Маверикс, се приклучи на клубот на милијардери една година помлад од Маск и Бренсон. Тоа беше во 1998 година, откако ја продаде команијата Broadcast.

5. Џеф Безос – најбогатиот човек на светот стана милијардер во 1999 година, кога имаше 35 години. 

4. Бил Гејтс – тој се приклучи на клубот на милијардери кога имаше 31 година. Во тоа време, во 1987 година, тој беше најмладата личност во историјата чие богатство надминува една милијарда долари.

3. Лери Пејџ – Коосноваот на Google во 2004 година стана милијардер. Тогаш имаше 30 години.

2. Еван Шпигел – Коосновач и шеф на Snapchat стана милијардер пред пет години, а денес овој 30-годишник вреди 4,5 милијарди  долари.

1. Марк Цукерберг – малку е веројатно дека некој  наскоро ќе го замени шефот на Facebook. Кога стана милијардер, Цукерберг имаше само 23 години.

Фото: Facebook