На Косово годинава затворени 3.500 фирми

23

zatvoreno

Претседателот на Алијансата за бизнис на Косово, Агим Сахини, изјави дека економската состојба на Косово е алармантна, затоа што годинава се згаснати 3.500 фирми.

“Податоците со кои располагаме покажуваат дека преку 3.500 фирми се згаснати или се во последната фаза на гасење поради губење на пазарот, губење на конкурентската сила и неповолен деловен амбиент”, изјави Сахини за Радио слободна Европа, пренесуваат приштинските медиуми.

Покрај затворањето на фирми, Приштина се соочува и со раст на стапката на невработеност. Според економскиот аналитичар Лека Муса, неповолната економска политика на Косово им оневозможува на бизнисмените да ја развиваат својата дејност. Според него, годинава била лоша за бизнисмените во приватниот сектор, а проблеми имало и со странските инвеститори, како поради политичката ситуација, така и поради општиот економски амбиент кој не е атрактивен за инвестиции.