На Лондон му се заканува губење на статусот европски центар за трговија со акции

24

Се поизвесно е дека Лондон ќе го изгуби статусот на европска престолнина за тргување со акции поради Брегзит, со милијарди евра промет на дневна основа.

Повеќе од половина од вкупната трговија со европски акции сè уште се реализира во Лондон, но без договор во преговорите меѓу Лондон и Брисел, сигурно е дека овој промет ќе се движи во рамките на територијата на ЕУ, пишува Новац.

Инвеститорите стравуваат дека дисперзијата и расцепканоста на трговијата ќе се рефлектира во падот на цените на акциите.

Минатиот месец на лондонската берза сопствениците промениле 7,2 милијарди вредни акции на компании со седиште во ЕУ, што е околу 60 % од вкупниот промет на акциите во Лондон. Надежта дека на европските акционери може да им биде дозволено да продолжат со трговијата во Лондон не е многу реална.

Ова може да се види и од случајот со Швајцарија, каде што ЕУ де факто спречи тргување на европски хартии од вредност. Ова доведе до зголемување на цената на тргувањето со акциите во Цирих.

Според проценките на некои експерти, околу 30% од трговијата со акции од Лондон ќе се пресели во ЕУ.

Здружението за финансиски пазари на Европа, најголемата лобистичка група на брокери и инвеститори, во моментов силно врши притисок врз обете страни, Лондон и Брисел, да постигнат договор.

Нивниот главен аргумент е дека без договор, инвеститорите од ЕУ нема да можат да пристапат до базените за ликвидност на акциите на ЕУ и дека оние што управуваат со пари нема да можат да реализираат трансакции по најдобри можни цени.