На Норвежани им плаќаат за да трошат струја

56

Цените на електричната енергија во некои делови од Норвешка се под нула, што се случува вторпат во историјата на земјата. На жителите на јужниот дел на земјата им се “плаќа“ за да користат струја, бидејќи производителите мора да платат за продажба кога цените на енергијата се негативни, пренесува E24.

Цената на струјата во околината на Осло и Кристиансанд беа негативни околу четири часа на почетокот на оваа недела. Ова се случува вторпат, откако на почетокот на јули забележаа пад по нула на еден час. Како причина за тоа се наведува големата количина на снег на планините, ограничениот извоз на електрична енергија и почеток на летните одмори, кога и потрошувачката на струја е намалена.

За ова намалување на цените сега “виновник“ се поројните дождови и силниот ветар, но зголемениот увоз на нуклеарна енергија од Шведска.

Најголемиот дел (околу 99%) од електричната енергија во Норвешка е генерирана од хидроелектрани.

Фото: Freepik