На паметни клупи од Србија може да се донираат пари за хуманитарни цели во Лондон

76

strawberry-pametna-klupa

Српскиот старт – ап Strawberry energy лансираше мрежа од паметни клупи во две општини во Лондон, во партнерство со хуманитарната организација Cancer research UK, пишува Startit.rs.

Паметните клупи, покрај останатите функции, сега се опремени и со бесконтактна технологија за плаќање со чија помош корисниците на едноставен начин ќе може да донираат за британската хуманитарна организација.

За прв пат бесконтактната технологија се применува на овој начин, а жителите на Лондон ќе може да донираат по две фунти за Cancer research Uk со доближување на својата картичка на паметната соларна клупа.

Како пилот проект, ќе биде поставена мрежа од десет паметни клупи во Ислингтон и Левишам во Лондон. До крајот на февруари ќе бидат инсталирани уште десет клупи, а планот е до крајот на годината да се постават уште 80.

Овие паметни клупи го следат нивото на загаденост во воздухот, нивото на бучава, температура и влажност, а информациите може да се добијат преку Strawberry мобилна апликација.