На плажа со IТhink – бесплатна работилница за деца кои ја сакааат технологијата

29

cf49f5d6-eae8-42f7-b357-afa27a3a6871

На плажа со IТhink e темата на бесплатните работилници за деца, кои летово ја најавуваат првата детска академија за технологија IТhink – најнова програма на  Seavus едукативен и развоен центар.
Во периодот од 08.08 до 10.08.2016 година, дворот на едукативниот центар ќе биде претворен во голема плажа на која ќе се реализираат низа интересни активности. Ловиме рипки на плажа (работилница за Програмирање), Да танцуваме на плажа – (работилница за Роботика) и Како го поминувам летото (работилница за Дизајн) се само мал дел од содржините што ќе ги понуди IТhink од септември.

Покрај работилниците коишто имаат за цел да ги запознаат заинтересираните идни мали студенти со програмата на IТhink, учесниците ќе уживаат и во зумба забава, друштвени игри, креативни задачи и многу летно освежување.

Учеството на настанот На плажа со IТhink е бесплатно, а сите заинтересирани може да се регистрираат на ithink@seavus.com или 078 499 462.

Деталната агенда и повеќе информации за настанот може да се најдат и на официјалната facebook страна на академијата: https://www.facebook.com/IThink-Academy-626467287502742/?fref=ts
Ithink е замислена како прва воведна академија за технологија, која има основна цел да ја афирмира информатичката технологија меѓу најмладите.