На полноќ истекува рокот за електронско пријавување на ДДВ

113

e danociРокот за поднесување на електронска ДДВ-пријава истекува на полноќ, со што и официјално почнува да се применува новата законска обврска за тримесечните ДДВ обврзници за задолжително пријавување на ДДВ по електронски пат преку системот е-Даноци.

Со новините во даночното работење, со кои се предвидува задолжително електронско пријавување на ДДВ во УЈП, целосно се укинува досегашниот традиционален начин на поднесување на хартиени даночни ДДВ пријави на шалтерите во Управата.

За ненавременото поднесување на електронската ДДВ-пријава во УЈП, предвидена е глоба која достигнува до 3.500 евра во денарска противвредност.