На продажба Maybach-от на Гадафи

201

Мaybach 57 S Coupe, чиј сопственик беше поранешниот либиски лидер, Моамер Гадафи, се наоѓа на продажба.

Станува збор за исклучително редок автомобил произведен во осум единици, а овој бил дизајниран и направен по мерка на поранешниот либиски лидер. Пред тој да почине, автомобилот имал поминато само 2.300 километри, што го прави автомобил со најмала помината километража.

Автомобилот е во скоро перфектна состојба, своевремено Гадафи за него платил 675.000 евра, додека сега се проценува на 961.950 евра.

Фото: Autoleitner