На ресенските земјоделци погодени од невремето ќе им бидат исплатени штети

14

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков, и градоначалникот на општина Ресен најавија дека денеска ќе ги посетат сите места кои беа зафатени од невремето, а потоа во општината ќе одржат средба со земјоделците, со цел да им се излезе во пресрет и да се изнајдат соодветни мерки за заштита од вакви непогоди во иднина. Тие вчера направија увид на површините погодени од невремето, кое се случи во вторникот во Ресен.

По извршениот увид заменикот министер Костадиновски и градоначалникот, Стрезовски одржаа состанок со земјоделците чии површини беа зафатени од невремето.

Со цел да им се помогне на оштетените земјоделци, градоначалникот на општина Ресен формираше пет комисии за процена на штета, чие задолжение ќе биде во најкус можен рок да извршат посета кај оштетените земјоделци и да констатираат за колкави штети станува збор.