На Сараево Бизнис Форум доаѓа и сопственикот на Манчестер Сити

13

sbfШеикот Мансур бин Зајед Ал Најан, заменик премиер на Обединетите Арапски Емирати и сопственик на фудбалскиот клуб Манчестер Сити потврди дека ќе присуствува на Сараево Бизнис Форум (СБФ) што ќе се одржи на 14 и 15 мај во главниот град на Босна и Херцеговина.

Претходно своето присуство го потврди и еден од најбогатите луѓе во светот, Шеик Салех Камел, основач и претседател на финансиската групација Ал Барака и претседател на Исламската стопанска и индустриска комора. Камел е високо позициониран на листата на Форбс на најбогати луѓе во светот.

Освен највлијателните луѓе од ОАЕ, на форумот ќе присуствуваат претставници и челни луѓе на инвестициски фондови од земјите на Заливот, меѓу кои и Qatar Investment Authority, еден од најголемите инвестициски фондови во светот. Ќе присуствуваат и политичари од регионот и пошироко, како и претставници на стопански комори.

Петтиот СБФ е во организација на Босна Банк Интернационал (ББИ), во соработка со Исламската развојна банка, а оваа година има за цел јакнење на економската соработка и привлекување на меѓународни инвеститори во југоисточна Европа.

Во претходните четири години, на СБФ се претставени преку 300 проекти.

Заинтересираните можат да се регистрираат и да ги пријават своите проекти на www.sarajevobusinessforum.com, до 20 април.