На што го трошиме времето?

67

Позната е поговорката дека времето е пари, па затоа треба мудро да се искористи. Исто така, важно е времето да го поминуваме правејќи ги оние работи коишто најмногу ги сакаме, прават да се чувствуваме продуктивно и да исполнат одредена цел.

Македонската статистика покажува дека најголемиот дел од слободното време или во просек околу девет часа дневно, лицата на возраст од над 10 години го поминуваат во спиење. Потоа, следуваат слободните активности со околу пет до шест часа. На професионални обврски, односно на вработеност, се трошат околу нешто помалку од четири часа.

Кога станува збор за домашните активности, тука има најголема разлика меѓу времето што го трошат мажите и жените. Па така, жените на домашни активности во просек трошат безмалку четири часа дневно, додека кај мажите тоа е околу еден час.

Според македонската статистика, подготвувањето храна кај жените зафаќа 37% од домашните активности, додека кај мажите само 12%. Исто така, миењето садови кај жените зафаќа 16% од домашните активности, додека кај мажите само 2%.

За јадење и пиење во просек се трошат околу два часа дневно, за друга лична грижа и патувања околу еден час, додека најмалку од времето се одвојува за волонтерска работа и помош.

Фото: Pexels