На што најчесто милијардерите ги трошат своите пари

78

Милијардерите можат да си дозволат сè што може да се купи со пари. Во зависност од нивниот вкус и желба вложуваат во најразлични нешта… од приватни острови до скапи уметнички дела. Дел од нив своето богатство го даваат и во добротворни цели, онаму каде што е најпотребно. А што најчесто купуваат оние најбогатите?

Милијардерите честопати патуваат, а што би било попогодно за тоа од приватен авион. Марк Кубан, Џеф Безос и Мајкл Дел се само некои од нив.

Покрај приватни авиони, на листата се наоѓаат и ултра луксузни и ретки автомобили коишто чинат милиони долари. Тоа неретко се олдтајмери, а токму такви поседуваат Бил Гејтс и Илон Маск.

Милијардерите не би биле тоа што се ако немаат сопствени јахти. Рускиот милијардер Роман Абрамович ја поседува втората најскапа јахта во светот, додека најскапата припаѓа на извесен шеик.

Кога станува збор за сместување, овие луѓе претпочитаат комфор и пространост, па честопати нивните домови, имаат доволно спални соби и тоалети за престој на цели спортски тимови. На пример, Мајкл Блумберг има дури 15 сопствени домови низ целиот свет.

Кога сме кај спортот, некои милијардери кои се фанови на одреден тим, ја имаат таа можност и да го купат. На пример, Стив Балмер, кој во 2014 година ги купи Los Angeles Clippers за две милијарди долари.

Кога станува збор за донирање во добротворни цели некои милијардери се истакнуваат повеќе од другите, како на пример Бил и Мелинда Гејтс кои имаат своја фондација, Марк Цукерберг и жена му Присила, исто така, донираат добар дел од своите пари во хуманитарни цели. Тука е и Ворен Бафет кој има дури четири различни фондации.

Фото: Pixabay