На што најмногу троши едно семејство во земјава?

51

Фото: Pixabay

Просечно домаќинство во земјава наменува околу 59,8% од својата потрошувачка за задоволување на основните потреби како храна, облека, домување и покуќнина, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Околу 38,7% од потрошувачката на домаќинствата во 2018 година отпаѓа на храна и безалкохолни пијалаци, потоа следуваат трошоците за домување, вода, електрика, гас и други горива со 10,5% и облека и обувки со 6,1%.

Во структурата на приходите, во 2018 година, преовладуваат примања врз основа на редовна и повремена работа со 67,6%, пензиите учествуваат со 19,7%, примањата од земјоделството со 4,9%, социјалните бенефиции со 1,7% и примањата од странство со 1,2%.