Шпанската новинска агенција EFE објави неофицијална информација дека 11 банки, опфатени со стрес тест на Европската централна банка, покажале лоши резултати, пренесува Reuters.
Неофицијалните информации покажуваат дека станува збор за три грчки, три италијански, две австриски и по една банка од Португалија, Белгија и Кипар.
Резултатите од тестот, направени врз основа на тоа како банките ќе се снајдат во неколку можни сценарија во економијата, ќе бидат објавени во недела.