
Во последните неколку години, светот се соочи со голем број закани за безбедноста на снабдувањето со храна, кои ги погодуваат луѓето ширум светот.
Овие закани вклучуваат настани како што се војни и политички конфликти, економски промени, болести и, сè повеќе, климатски промени и непредвидливи временски услови, известува Eat This.
И покрај моменталната состојба, светот сè уште се бори со глобална криза со храна, а недостигот на храна најверојатно ќе продолжи и следната година.
Ориз
Да потсетиме, минатиот месец Индија најави ненадеен прекин на извозот на бел ориз. Исто така, кризата во Украина и екстремните временски услови во Кина и Пакистан придонесуваат за недостиг од оваа храна.
Тестенини
Италија се соочува со криза со тестенини, поради зголемените цени на состојките како што се житото, пакувањето и логистиката.
Чоколадо
Поради проблеми со снабдувањето со какао, и поради кризата во Украина, како и климатските промени во Западна Африка, цената на чоколадото достигна рекордно ниво.
Лосос
Климатските промени кои предизвикуваат суша влијаат на популациите на лососот и во Калифорнија и во Алјаска.
Брашно
Цените на брашното веќе пораснаа, а Американците најверојатно ќе продолжат да ги чувствуваат последиците од недостигот на овој производ, што може да предизвика проблеми со другите пекарски производи.











