На Виз Ер Скопски Маратон се очекува рекорден број на учесници и најмасовна посетеност до сега

12

IMG_3111

Годинешното издание на Виз Ер Скопски Маратон ќе биде најмасовен од сите изданија до сега. До денеска се пријавени 5.600 учесници, од 42 земји ширум светот. Единаесеттото издание на Виз Ер Скопски Маратон оваа година се оддржува на 10-ти мај, по повод Денот на Европа, 9-ти мај.

“Ова се очекува да биде најмасовниот и најпосетен маратон досега. Бројот на пријавени учесници е за почит, со оглед на тоа дека пријавувањето е се уште во тек. Сите натпреварувачи своите стартни пакети ќе можат да ги подигнат од Виз Ер Скопје Маратон Експо, саемот кој за прв пат оваа година ќе се одржи по повод Виз Ер Скопскиот Маратон. Чест ми е како директор на маратонот да ги поздравам сите учесници, натпреварувачи и оние кои несебично ја даваат поддршката за овој маратон да се одржи. Маратонот е под покровителство на Град Скопје, Европската унија и Агенцијата за млади и спорт. Оваа година главниот спонзор Виз Ер, на сите маратонци им доделува вредносен ваучер во износ од 20 евра, кој може да се искористи преку wizzair.com“, изјави Кире Синадиновски, директор на Виз Ер Скопски Маратон

На прес конференцијата, која се одржа денеска во ЕУ Инфо Центарот, беше најавено дека последен рок за пријавување за маратонот е до 30-ти април или до пополнувањето на предвидената бројка на учесници. Пријавувањето се врши преку веб страната на маратонот www.skopskimaraton.com.mk.

Во склоп на Виз Ер Скопски Маратон ќе се одржи Државното првенство на Македонија во маратон. Новитет е штафетниот маратон за кој постои голем интерес. Интересно е да се спомене дека по пат на лотарија, двајца македонски натпреварувачи/ки ќе имаат можност да трчаат на Њујорк Маратонот, кој ќе се одржи на 11 ноември 2015 година, со кој Виз Ер Скопски Маратон оствари соработка. Исто, интересно е и воведување на нови технологии, снимање на лично видео кое ќе го добијат учесниците во маратонската, полумаратонската трка и во штафетниот маратон. Наградниот фонд оваа година изнесува 17.000 евра.