На Volkswagen не му пречат плановите на Apple 

47

Планот на американскиот технолошки гигант, Apple за влез во автомобилската индустрија е многу “логичен чекор“ бидејќи производителот на iPhone го комбинира својот софтвер и експертиза во дизајн со огромни ресурси, смета извршниот директор на Volkswagen, Херберт Дис.

“Сепак, не се плашиме. Автомобилскиот сектор се разликува од технолошката индустрија, а Apple нема да може да го освои преку ноќ“, вели Дис.

Германскиот производител на автомобили неодамна откри дека разговара со Microsoft за проширување на соработката за технологии во облак, чија цел е да се забрза реализацијата на автономни возила.

Новиот сектор на Volkswagen ќе создаде посебна платформа со Microsoft, којашто има за цел да ги поедностави развојните процеси да овозможи побрза интеграција на технологијата во својата флота.

Фото: Freepik