Na5u е името на револуционерното, а сепак едноставно решение за сите дами кои се возачи, чија цел е заштита на чевлите од оштетување при возење, пишува Пословни дневник.
“Овој изум е резултат на одличниот спој на женската страст кон чевлите и експертскиот инженерски тим со големо искуство во развој на нови производи“, вели Маја Смолјо, раководителка на секторот маркетинг и продажба на хрватската компанија Pavorana.
Производот е еластичен и се прилагодува на секаков вид на чевли. Na5u е посебно корисен бидејќи десната нога во текот на возењето се потпира на педалите за гас и сопирање, па долниот дел од чевелот е изложен на оштетување.
За да се дојде до конечната верзија на Na5u биле потребни две години, а за тоа време се развиле 13 верзии, додека на производот работеле 42 лица.
Na5u може да се купи преку web shop на компанијата по цена од околу 20 евра или во неколку продавници за чевли и облека во Загреб и Сплит, а голем интерес предизвика кај автомобилските компании.