Национална банка на Грција ја купи Кристалната кула во Истанбул

74

kristalna kulaНационална банка на Грција (НБГ), која е сопственик на Finansbank во Турција, ја купи Кристалната кула во Истанбул за 303 милиони долари, пишува весникот Хуријет.

Зградата се наоѓа во областа Левент во Истанбул, висока е 170 метри и располага со 60.000 метри квадратни простор.

Овој договор е една од најголемите трансакции на турскиот пазар на недвижности во последниве години. Се очекува НБГ кулата да ја користи како ново седиште на Finansbank.