Над 120.000 туристи ја посетиле Кападокија во 2020 година

29

Над 120.900 туристи ја посетија живописната Кападокија и уживаа во летот со балони на топол воздух, пренесува Daily Sabah.

Кападокија е позната по својата уникатна глетка, вулкански конуси, долини, подземни градови, хотели и куќи сместени во карпи…

Летањето со балон на топол воздух во Кападокија, коишто привремено беше прекинато на 17-ти март минатата година, поради мерките за спречување на ширењето на коронавирусот, а забраната беше симната на 23-ти август.

Во текот на 128 денови лани, вкупно 120.917 туристи уживале во летовите со балони на топол воздух.

Инаку, во Кападокија дневно може да се летаат околу 3.000 луѓе со 150 балони.

Балоните на топол воздух се посебна атракција за туристите, бидејќи имаат прилика на уникатен начин да ја разгледаат целата област.

Податоците говорат дека во последните пет години, Кападокија привлекла над 13 милиони туристи, а турите со балони се организираат над 300 денови во годината.

Фото: Freepik