Над 130 ресторани за свадби искористија 55,7 милиони денари финансиска поддршка

109

Владата го разгледа и го усвои Извештајот за реализација на Програма за поддршка на угостителскиот сектор во Република Северна Македонија во рамки на економските пакети за поддршка за справување со последиците од КОВИД кризата која се реализираше во периодот ноември и декември 2020 година со буџет од  60 милиони денари.

Според информацијата, заклучно со 04.12.2020 година, до Министерството за економија преку платформата www.domasiedoma.gov.mk пристигнале вкупно 238 апликации за грантови за ресторани за свадби, од кои 133 ги исполнија условите од јавниот повик и беа искористени средства во износ од 55.740.000 денари.

Со оваа програма беа опфатени и игротеките со вкупен буџет од 153.000.000 денари. На јавниот повик за поддршка на игротеките пристигнаа вкупно 119 од кои 81 ги исполнија условите и беа искористени средства во износ од 13.710.000 денари.

Фото: Pexels