Над 14,6 милијарди денари вкупна добивка на сите котирани компании во земјава

50

Од вкупно 98 компании што котираат на Македонска берза, 69 ланската година ја завршија со добивка, којашто во вкупен износ достигна 14.647.618.106 денари, покажуваат податоците на Македонска берза.

Една година претходно, 73 од котираните компании остварија позитивен финансиски резултат што тогаш изнесуваше 14.643.880.301 денар.

Од друга страна, со загуба во 2020 година работеа 25 од компаниите што котираат на берза, чиј акумулативен износ е 612.173.326 денари. На крајот на 2019 година, со загуба работеа само три компании помалку (22), а остварија поголема загуба, што тогаш изнесуваше 966.645.984 денари.

Фото: Pexels