Над 14% од населението во земјава има над 65 години

27

Во текот на минатата година, 14,5% од населението во Македонија има 65 и повеќе години, покажуваат податоците на Eurostat.

Во рамки на Европската унија, 20,6% од населението има над 65 години, што е за три процентни поени повеќе од уделот на оваа возраст во вкупното население од пред една декада.

Меѓу земјите членки, најголем процент на лица над 65 години лани имаше во Италија (23,2%), по што следат Грција и Финска (по 22,3%), Португалија (22,1%), Германија (21,8%) и Бугарија (21,6%).

Од друга страна, најниска стапка се забележува во Ирска (14,4%) и Луксембург (14,5%).

Фото: Pexels