Над 160% раст за акциите на Virgin Galactic, во сопственост на Брансон

57

Акциите на Virgin Galactic, компанија во сопственост на Ричард Брансон, забележаа скок од над 20%, додека од почетокот на годината порастот на нивната вредност надмина 160%, пишува CNN.

Огромниот скок е поради оптимизмот и плановите на компанијата за започнување комерцијални летови во вселената.

Инаку, Virgin Galactic е сè поблизу до ландирање на патници во вселената, бидејќи минатата недела авионот SpaceShipTwo го пресели своето комерцијално седиште во Ново Мексико. Инвеститорите очигледно се возбудени поради потенцијалот на компанијата, којашто во овој момент е непрофитабилна.

Акциите на Virgin Galactic пораснаа за скоро 200% откако компанијата почна да се котира на берза минатиот октомври.

Фото: Pexels