Над 21% од жителите на ЕУ во ризик од сиромаштија

96

Над 92 милиони или 21,1% од луѓето во Европската унија се нашле во ризик од сиромаштија или социјално исклучување, покажуваат податоците на Еуростат.

Меѓу земјите членки, највисок процент има во овие земји: Бугарија (32,5%), Романија (31,2%), Грција (30%), Италија и Латвија (по 27,3%), Литванија (26,3%) и Шпанија (25,3%).

Од друга страна, најниска стапка на луѓе кои се наоѓаат во ризик од сиромаштија има во: Чешка (12,5%), Словенија (14,4%), Финска (15,6%), Данска (16,3%), Словачка (16,4%), Холандија (16,5%) и Австрија (16,9%).

Фото: Freepik