Над 24% е стапката на сиромашни лица во Македонија

19

Стапката на сиромашни лица во Македонија во 2013 година изнесува 24,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Анализирани по типови на домаќинства, стапката на сиромаштијата на домаќинствата составени од двајца
возрасни со две издржувани деца во 2013 година изнесува 24,8%. Според најфреквентниот статус на економска активност, стапката на сиромашни вработени лица е 11,1%, додека стапката на сиромашни пензионери е 10,9%.

Коефициентот Gini (мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите) изнесува 37%.

Државниот завод за статистика, врз основа на податоците од Анкетата за приходи и услови за живеење која се спроведува во согласност со препораките на Европската унија, ги пресмета Лаекен индикаторите за сиромаштијата за 2013 година. Основа за пресметките на сиромаштијата се приходите, а прагот на сиромаштијата е дефиниран на 60% од медијалниот еквивалентен приход.