Над 26% од лицата во Македонија се сиромашни

19

Стапката на сиромашни лица во 2012 година е 26,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Анализирано по типови на домаќинства, стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца
возрасни со две издржувани деца во 2012 година е 24,3%. Според најфреквентниот статус на економска
активност, стапката на сиромашни вработени лица е 11,1%, а Gini коефициентот (мерка за нееднаквоста во
распределбата на приходите) изнесува 38,8%.