Над 3.900 физички и правни лица на листата на должници на УЈП

62

ujp

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објавува првата листа на должници за оваа година, на којашто се најдоа вкупно 3.964 физички и правни лица. Нивните долгови се доспеани до 30-ти септември и неплатени до 31-ви декември лани, а се по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

Кај физичките лица и самостојни вршители на дејност, долгот надминува 120.000 денари, додека кај правните лица тој износ е над 300.000 денари.