Над 30 домашни производители на мед на улица Македонија

85

Над 30 домашни производители на мед од денеска ги претставуваат своите производи на манифестацијата Денови на медот на улица Македонија во Скопје.

Посетителите може да купат мед, матичен млеч, полен, прополис, восок.

“Пчеларството како исклучително значајна стопанска гранка, со посебен дел е опфатено во заедничката основна програма за одгледување добиток 2011/2020 година, чија главна цел е подобрување на репродуктивните и производните карактеристики на автохтоната медоносна пчела“, истакна државниот советник во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, пишува Миа.

Цената во текот на следните три дена ќе биде „саемска“, 350 денари за тегла, но вообичаено медот достигнува 400 па и 450 денари.

Во Македонија има над 4.000 пчелари со повеќе од 80.000 пчелни семејства. Од едно пчелно семејство просечно се добиваат 12 килограми мед годишно, а потрошувачката е 700 грама мед по глава на жител. За споредба, во Германија потрошувачката е девет, а во Јапонија 16 килограми по жител.