Над 300 турски компании се активни на Косово, играјќи многу важна улога во ревитализацијата на земјата, вели косовскиот конзул во Турција, Авни Спахиу, пренесува Хјуриет.
Нарекувајќи ја Турција “стратешки партнер на Косово“, тој вели дека големите турски компании, околу 300 на број, “работат на воспоставување на инфраструктурата на Косово, особено во банкарскиот и здравствениот сектор“.
Според него, Косово располага со големо рудно богатство и природни земјоделски производи, што може на инвеститорите од Турција да им отвори нови можности за вложување.