Над 307.000 евра искеширани за Ferrari од увоз во БиХ

55

И покрај пандемијата, во Босна и Херцеговина лани се купени прилично скапи автомобили од увоз, а најскапиот е Ferrari Pista, чија цена е повеќе од 307.000 евра.

Ferrari 488 Pista/F142 на средината на минатата година стана вистинска медиумска атракција, а новиот сопственик му е од општината Груде во БиХ, пренесуваат тамошните медиуми.

Според официјалните податоци, тоа е најскапиот увезен автомобил во БиХ во последните 10 години.

Сопственикот за неговиот “миленик“ на четри тркала одвоил 272.000 евра, а давачките во висина од 46.200 евра.

Втор најскап увезен автомобил е Lamborghini Urus вреден околу 238.600 евра, а третиот најскап увезен е исто така Urus по цена од 189.500 евра.

Фото: Freepik