Над 35.000 осигуреници досега ги искористиле електронските услуги на ФЗОМ

23

fzom

Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) соопшти дека во рамки на унапредување и олеснување на комуникацијата со осигурениците, фирмите и здравствените работници, се овозможени сет од електронски услуги на порталот на Фондот со коишто на брз, лесен и ефикасен начин осигурениците можат да ги остварат своите законски права без притоа да мораат да доаѓаат на шалтерите на ФЗОМ, јавува Миа.

Од воведувањето на електронските услуги, осигуреници, овластени лица и здравствени работници ги искористиле електронските услуги и поднеле барање од своите домови или работни места по електронски пат за остварување на одредено право.

Од Фондот наведуваат дека најкористена електронска услуга е за заверка на ортопедски помагала, којашто 31.015 осигуреници ја искористиле и поднеле документи преку матичните лекари и лекарите специјалисти по електронски пат.

Од ФЗОМ истакнуваат дека една од бројните придобивки од електронските услуги е можноста за увид во сопствениот предмет, дали тој е позитивно или негативно решен и кога ќе биде извршена исплатата доколку се работи за рефундација на средства.