Над 37 милијарди долари добивка на Microsoft за три месеци

41

Microsoft во третиот квартал од оваа година прикажа добивка од 37,2 милијарди долари, додека експертите очекуваа позитивен финансиски резултат од 35,72 милијарди долари.

Според Ројтерс, во голема мера профитот на Microsoft се должи на трендот на работа од дома, како одговор на мерките против пандемијата.

Акциите на Microsoft во вторникот на њујоршката берза пораснаa за 1%, на 215,40 долари.

Најголем пораст на приходите има во сегментот Intelligent Cloud и тоа за 20% на 13 милијарди долари.

Фото: Freepik