
Минатата година, учеството на даноците и нето социјалните придонеси во вкупниот бруто домашен производ (БДП) во ЕУ изнесуваше 40,4 проценти, што претставува пораст во однос на 39,9-те проценти во 2023 година, објави денес Европската статистичка служба – Евростат.
Воедно, тој удел во Еврозоната достигна 40,9 проценти, што исто така претставува покачување во однос на претходната година, кога изнесуваше 40,5 отсто.
Изразено во апсолутни бројки, во 2024 година во ЕУ на име на давачки и социјални придонеси беа уплатени 7,668 милијарди евра, што е за 387 милијарди евра повеќе во споредба со 2023 година.
Анализирано по земји членки, највисок дел на даноците и социјалните придонеси во БДП има Данска со 45,8 проценти, по што следуваат Франција со 45,3 и Белгија со 45,1 отсто.
Најниско учество, од друга страна, има во Ирска со 22,4 проценти, пред Романија со 28,8 и Малта со 29,3 отсто.
Во споредба со 2023 година, ова учество лани најмногу се зголеми во Малта од 26,7 на 29,3 проценти, во Летонија од 33 на 35,5 и во Словенија од 36,8 на 38,8 отсто.
Намалување на уделот во 2024 година и тоа за од 0,5 до 0,1 процентни поени е забележано само во пет држави членки на ЕУ – Финска, Холандија, Франција, Португалија и Шведска.












