Над 403% скок на прометот на берзата оваа недела

98

Вкупниот промет на Македонска берза, во периодот од 30-ти март до трети април, достигна 20.309.938 евра, што е пораст од 403,69% во однос на претходната недела, покажува Неделниот извештај на берзата.

Вкупниот број на трансакции достигна 564, што е намалување од 34,19%, во споредба со претходната недела.

Пазарната капитализација оваа недела се позиционираше на 2.919.820.068 евра или 8,46% повеќе во однос на една недела претходно. Пазарната капитализација на берзата денеска достигна 1.559.851.027 евра, што е 23,55% помалку во однос на претходниот месец.

Индексот на МБИ 10 денеска заврши со 3.731,41 поени или 14,57% повеќе во однос на претходната недела.

Најтргувани акции во неделата што изминува се оние на: Комерцијална банка, Алкалоид, Макпетрол, НЛБ Банка и ТТК Банка.

Фото: Pixabay и Facebook