Над 5.100 работодавачи добиваат финансиска поддршка од 507,9 милиони денари за исплата на априлската плата

79

Управата за јавни приходи достави Известување до Генералниот Секретаријат на Владата за вкупно 5.141 работодавач што ги исполниле условите за финансиска поддршка за исплата на плата за месец април 2020 година.

Износот на одобрената финансиска поддршка изнесува 507.947.264 денари.

Ова е прво известување за одобрена финансиска поддршка согласно член 5 став 4 од Уредбата со Законска сила за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено – економската криза предизвикана од корона вирусот Ковид -19 , заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година. Се обработуваат и останатите поднесени барања за финансиска поддршка, за кои Управата за јавни приходи ќе го извести Генералниот Секретаријат на Владата на Република Северна Македонија по нивната финална обработка.

Фото: Pixabay