Над 60% од богатството на Бил Гејтс е инвестирано во акции

28

Основачот на Microsoft, Бил Гејтс само годинава додаде 16 милијарди плус на својата сметка, со што неговото богатство се зголеми на 106 милијарди долари.

Тој за кратко беше и најбогат човек во светот, а сега е повторно веднаш зад првиот човек на Amazon, Џеф Безос, пишува CNBC.

Иако Гејтс има дадено 36 милијарди за разни хуманитарни цели, тој сепак има акумулирано прилично големо богатство од кое што над 60% е во акции.

Тоа според него е добар начин за да се обезбедат заработените пари и не планира да го промени.

Според експертите, инвестирањето треба да биде согласно со целите, толеранцијата за ризик и преференциите на тој што ги вложува парите.

Фото: Facebook