Над 60% од жителите на земјава не можат да си дозволат одмор

77

Дури 61,2% од жителите на Македонија во 2017 година не можеле да си дозволат една недела одмор, покажуваат податоците на европската статистика.

Една година претходно, високи 65,3% од жителите на земјава не можеле да си дозволат да отпатуваат на одмор далеку од својот дом. Анализирајќи години наназад, највисок бил процентот во 2012 година – 73,6%.

Романија е земја во којашто во 2017 година, највисоки 65% од жителите на земјата не успеале да си дозволат една недела одмор. Зад нејзе е Турција со 60,8%, додека трета е нашава земја.

Од друга страна, податоците покажуваат дека само 6,6% од жителите на Норвешка немале можност да заминат на еднонеделен одмор, додека во Швајцарија тој процент е само 8,5%. Трета земја со низок процент е Данска, бидејќи во оваа скандинавска земја 13,8% од жителите не можеле да дозволат да заминат на одмор од една недела.

Процентот на граѓани на Европската унија постари од 16 години, кои минатата година не отпатувале никаде за одмор е 28,3%. Овој процент во 2013 година бил скоро 40%.

Според податоците за 2018 година, меѓу земјите членки на ЕУ најмногу луѓе кои не можеле да си дозволат да заминат на одмор биле жителите на Романија, Грција, Хрватска и Кипар.