Над 7,5 милијарди денари трошоци за заштита на животната средина во 2013

11

Вредноста на трошоците за заштита на животната средина во 2013 година е 7.556.048.000 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Учеството на трошоците за заштита на животната средина во БДП во 2013 е 1,5%.

Вкупните трошоци за заштита на животната средина, според еколошката намена се распределени како што следува: најголемо е учеството на трошоците за постапување со отпад со 43%, потоа учеството на трошоците за циркулациски систем за снабдување со вода со 29,8% и трошоците за заштита на воздухот со 10,4%.

Трошоците за заштита на животната средина се состојат од две компоненти: инвестиции во средства за заштита на животната средина и трошоци за одржување на средствата за заштита на животната средина. Учеството на инвестициите во вкупните трошоците за заштита на животната средина изнесува 53,3%, а учеството на трошоците за одржување во вкупните трошоци за заштита на животна средина изнесува 46,7%.

Учеството на инвестициите во средства за заштита на животната средина во инвестициите за основни средства, изнесува 3,4%.

Од вкупните трошоци за заштита на животната средина, најмногу трошоци се направени во индустријата и специјализираните производители 5.191.711.000 денари, односно 68,7%.

Од направените трошоци за заштита на животната средина во индустријата и специјализираните производители, 45,6% се наменети за инвестиции, а 54,4% се за одржување на средствата.