Над 73% учество на домашното производство на струја во потрошувачката

24

Вкупната потрошувачка по видови енергенти, во март, изнесува: 789.488 МWh електрична енергија, 45.725 мил. нм3 природен гас, 406.568 тони јаглен и 87.746 тони нафтени продукти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 73,2% во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 95,5% од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.

Фото: Pexels